Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вечерва и утре ќе бидат одиграни реванш дуелите во плејофот во Лигата на шампиони.
Според резултатите постигнати на првите натпревари најмногу возбудувања се очекува да има на мечевите во Варшава, Глазгов и Солун, додека дербито ќе се одигра во Милано.
Легија во Варшава ќе ја пречека Стеауа, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски. Првиот меч помеѓу двата тима, која се одигра во Букурешт заврши без победник (1-1).
Со идентичен резултат реваншот ќе го започнат екипите на ПАОК и Шалке, додека Селтик против казахстанскиот Шахтјор Караганди ќе се обиде да надомести негатива од два гола.
Милан во дербито ќе го пречека ПСВ, по првиот меч во Ајндховен резултатот е 1-1, но во таборот на италијанскиот претставник по поразот во Серија А од Верона, повикуваат на претпазливост.
Во оваа фаза од ЛШ, Македонија има уште еден претставник, тоа е напаѓачот на Марибор, Агим Ибраими, кој со својот тим ќе има тешка задача против Викторија, откако пред една недела во Плзен загуби со 1-3.
Вторник, 27.август:
Среда, 28.август: