Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометната академија Карпош - Вардар започнува со својата програма, а оваа сезона стручниот штаб е засилен за нов член.
Наташа Младеновска е нов тренер во клубот, и нејзиното искуство би требало да ги изведе децата на вистинскиот пат.
Во стручниот штаб ја имаме една од најдобрите поранешни кумановски ракометарки. Поранешната ракометарка на Металург, Кометал Ѓорче Петров и пивотот на репрезентацијата на Македонија сигурно дека може многу да помогне во развојот на овие млади ракометни таленти - изјави Миодраг Јовановски Црни, тренер во клубот.
Оваа сезона клубот ќе пријави две екипи во рамките од Вардаровата лига, јуниорски машки состав и женска екипа на возраст до 15 години.
Тренинзите на клубот се одржуваат во салите на ОУ Браќа Миладиновци, 11 Октомври а од оваа сезона РК Карпош ќе држи тренинг и во салата на Гимназијата Гоце Делчев.
Повеќе информации за заинтересираните можат да се добијат на телефоните 078/649-977, 076/281-328, 078/334-327 и на мејл адресата [email protected]