Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометната академија Карпош настапи на турнирот „Вардар - еден живот, една љубов“, каде што учествуваа сите Вардарови ракометни школи од цела Македонија.
Оваа натпреварување траеше шест дена, а се организира втора година по ред. Од екипата на Карпош од Куманово, најуспешна беше женската екипа до 16 години кои ја освоија петтата позиција.
Ние настапивме со три екипи на овој турнир. Нашата најстара екипа ја освои петтата позција а Ангела Јакимовска е прогласена за најдобар пивот на турнирот. Нашата втора женска екипа до 12 години заврши на осмата позиција, а Никита Антевска е прогласена за најдобар десен бек. - изјави Миодраг Јовановски Црни, тренер на екипата.
Тој додаде дека на нивниот тим имал машка екипа на турнирот, меѓутоа тие играле со постара генерација и не забележале позабележителен резултат.
Ракометната академија Вардар е задоволна од настапот на својата екипа на овој турнир и најавија дека ќе продолжат да работат во исто темпо.