Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Карпош Вардар родени 2004 година и помлади го освоија тунирот „Еден живот една љубов“, со што покажаа дека се работи за одлична генерација која има блескава иднина.
Тренерот на екипата Миодраг Јовановски Црни изјави дека е задоволен од прикажаното, и се надева дека во исто темпо ќе продолжат успесите и во првенството.
Имавме одличен турнир каде што го освоивме првото место. Нашиот ракометар Давид Димевски е прогласен за најдобар лев бек на турнирот. Минатата сезона завршивме како четврти, а овој пат го завршивме турнирот без пораз, што покажува голем напредок во нашата игра. - изјави Јовановски.
Освен оваа екипа, Карпош Вардар настапи со уште една екипа, ракометари од генерацијата 2006 и помали, кои успеаа да завршат на шестата позиција. Меѓу нив Глигор Трајковски е избран за најдобар голман на турнирот.
Покрај одличниот настап на турнирот, Карпош Вардар продолжува да се натпреварува во ракометната лига на Вардар, каде што се наоѓа на првата позиција.