РК Куманово доживеја пораз од Радовиш
19.04.2014 14:51
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово забележаа нов пораз, одкако денеска во Спортската сала во Куманово беа поразени од екипата на Радовиш со резултат 22:38.

Освен почетното водство, тимот на Куманово имаше негатива во речиси целиот тек на натпреварот. Радовиш имаше одлична игра и само го зголемуваше водството кое на полувреме изнесуваше 11:20.
Куманово имаше мали блесоци во второто полувреме но Радовиш ја потврди својата доминација и го постави конечниот резултат 22:38.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Илиев со 13 гола, додека во Куманово Тасевски постигна 5 гола.