Мени

РК Куманово против Овче Поле

14.11.2013 14:42 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово, утре со почеток од 17.30 часот во Спортската сала за противник ја има екипата на Овче Поле од Свети Николе.

РК Куманово против Овче Поле

По убедливиот пораз од Зомимак, Струмица, ракометарите се подготвени за победа и тоа на домашен терен.

Екипата на Овче Поле за само 4 поени е пред нас на листата од домашното првенство што е мотив плус за да оствариме нова победа и нови 3 поени пред домашната публика-изјавија од клубот.

Ова е натпревар од првото коло од пролетниот дел во кој ракометарите ќе ги одмерат силите против екипата на Овче Поле.