Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По „завршувањето“ на првото коло, кошаркарите на Куманово не се единствените кои паузираа со настап оваа коло. Натпреварувачката сезона не ја започнаа Вардар и Работнички, а натпреварот Лирија МЗТ беше прекинат.
Одкажувањето на Овче Поле од лигата на помалку од 24 часа пред почеотокот на првото коло, не беше знак за крај на проблемите во лигата.
Работнички ги немаше подмирено долговите од минатата сезона, а доказот дека тоа го сториле го даде пред почетокот на натпреварот. Челниците на Вардар знаејки дека рокот за подмирување на долговите беше до петок, ја напуштиле салата и побарале мечот да е регистриран службено.
Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Лирија беше прекинат поради фрлање на тврди предмети во теренот.
АБА Струмица - Торус е првиот натпревар кој го дочека својот крај, и заврши со резултат 90:102. Час подоцна заврши и натпреварот Фени Индрустри - Кожув 86:72.
На сајтот на Кошаркарската Федерација на Македонија стои дека натпреварот Работнички Вардар е регистриран со службена победа за Вардар, а согласно пропозициите МЗТ - Лирија ќе го доиграат натпреварот денеска во истиот термин, пред празни трибини.