Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јуниорките од Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ ја освија шампионската титула во категоријата до 18 години, откако реализираа победа во дуелот со екипата на „Баскет КАМ 2011“ на домашен терен.
Кривопаленечките кошаркарки, под водство на тренерот Ведран Белешковски, беа убедливо подобри и посигурни од противничкиот тим и во финалето славеа со разлика од 101:51.
Кошаркарката Михаела Алексовска од КК„Крива Паланка“,која беше прогласена за најдобра млада кошаркарка на Македонија во 2021 година, пак, го доби признанието за најкорисен играч на натреварот.
Во спортска сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка, синоќа, победа остварија и кривопаланечките кошаркарки до 14 години во дуелот со екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром, со што обезбедија пласман на Final 4 турнирот.