Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот сојуз на спортови од Куманово во соработка со Здружението на спортски педагози Куманово (ЗСПК), утре (петок), во 12 часот во просториите на Гимназија „Гоце Делчев“ ќе одржи едукативен двочасовен семинар, наменет за спортски тренери и педагози.
Бесплатниот семинар вклучува теми од четири области: работа со млади категории, менаџирање на спортски клубови и улога на тренерот, специфичности и разлики за тренажниот процес со женски клубови и споредба на услови за тренажен процес 2010 и 2020.
Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови од Куманово, Филип Колевски, вели дека важноста на вакви семинари е од посебно значење, бидејќи со нив директно се вложува и влијае на едукативниот дел од спортот.
- Иако беше предвидено семинарот да биде локален, сепак ќе има и гости од повеќе градови од државата. Според капацитетот со кој ние располагаме, беше планирано да имаме околу дваесетина гости, меѓутоа за овој настан се покажа голема заинтересираност, па се пријавија над осумдесет спортски тренери, - додава тој.
На семинарот свое излагање ќе имаат едукаторите: Александар Јовановиќ, Југослав Спасиќ, Филип Колевски и Слободан Стојчевски.