Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Серена Вилијамс ја прослави 600. победа во кариерата, а со неа и пласманот во осминафиналето на Вимблдон.
Најдобрата тенисерка на денешницата ја совлада Кимико Дате-Крум со 6:2/6:0 со што продолжи нејзината успешна серија без пораз на 34 меча.
Јапонската ветеранка остана да се задоволи со податокот дека, со своите 42 години, стана најстарата жена, во професионалната ера, која стигнала до третата рунда на „Ол Ингланд клаб“.
Серена покажа почит со зборови, но не и на теренот, „прегазувајќи“ ја поискусната противничка за еден час и една минута. Следен предизвик за петкратната шампионка ќе биде (23) Сабине Лисицки. Германката која стандардно игра добро на Вимблдон, денеска беше поуспешна од (14) Саманта Стосур, со 4:6/6:2/6:1.
Се поголемо внимание привлекува 19-годишната Британка, Лора Робсон која ја надигра Марина Ераковиќ со 1:6/7:5/6:3 и со тоа заслужи пласман во топ-30 на следната ВТА листа. Тоа, пак, ја прави единствената Британка со таков успех од 1987 наваму.
Јас не влегувам во мечот мислејќи дека треба да победам за да бидам во топ-30. Се фокусирам на работите кои се важни, на играта-рече тинејџерката која минатата година направи голем успех со пласман во осминафинале на УС опен.
Во првио сет ми држеа лекција, едвај ги фаќав нејзините сервиси. Но, си реков ќе дадам се од себе ќе трчам колку што можам и ќе чекам кај неа да проработат нервите – тоа и се случи- рече Робсон.
Нејзина следна противничка е Каја Канепи.
ВИМБЛДОН ЖЕНИ, 3. КОЛО
ОСМИНАФИНАЛЕ