×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Словенецот Коражија ќе го менува Манасков

    28.02.2013 10:28 | KumanovoNews

    Коражија своевремено беше првак со унгарски Веспрем, играше за репрезентацијата на Словенија, а во сезоната 2006/2007 настапувал заедно со Ванчо Димовски и со Раде Стојановиќ во Голд клуб Козина, кога во ЛШ постигна 32 гола

    Словенецот Коражија ќе го менува Манасков

    Словенечкото ракометно лево крило Давид Коражија (30) е замената за повредениот Дејан Манасков, кој поради скинати лигаменти на левото колено на последниот дуел во Лигата на шампионите (ЛШ) против дански Силкеборг ќе отсуствува шест месеци од терените.

    Управата на Металург реагираше брзо и веќе се засили со ново лево крило, кое ќе има право да настапи во ЛШ, во Регионалната лига, во домашното првенство и во Купот на Македонија. Се очекува искусниот Коражија (висок 184 см и тежок 85 кг) да остане во Автокоманда до крајот на сезонава, а за понатаму дополнително ќе се решава.

    Овој поранешен ракометар на унгарски првак Веспрем и репрезентативец на својата земја, годинава ги бранеше боите на словенечкиот прволигаш Рибница, моментно на 8. место со 16 бода меѓу 12 екипи.

    Коражија претходните четири години настапувал за унгарскиот шампион Веспрем. Со него во сезоната 2008/2009 во ЛШ постигнал 11 гола, една сезона потоа 14, во сезоната 2010/2011 реализирал два и во 2011/2012 погодил пет пати. Претходно три сезони настапувал за словенечки Голд клуб Козина, а во сезоната 2006/2007, која му е и најефикасна со 32 гола во квалификациите за ЛШ, настапувал заедно со Ванчо Димовски и со Раде Стојановиќ.

    Коражија ќе биде трет Словенец во Металург, по Ренато Вугринец и Миладин Козлина. На левото крило, покрај Коражија, Металург го има и ветеранот Стевче Алушовски.  

    Раководствата на Динамо Минск и на Металург ги одредија датумите за осминафиналните мечеви од Лигата на шампионите во ракомет. Првиот натпревар, кој се игра во Минск, е закажан за 14 март со почеток во 19 часот по локално време (17 часот по средноевропско време), во Палатата на спортовите во Минск, со капацитет од 3.300 гледачи. Реваншот ќе се игра на 23 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 18 часот.