×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со победата Мареј ја намали разликата на АТП листата

    08.07.2013 08:09 | KumanovoNews

    Со триумфот на Вимблдон, Британецот Енди Мареј значително ја намали предноста на Новак Ѓоковиќ на АТП листата, која сега изнесува нешто помалку од 3.000 бодови.

    Со победата Мареј ја намали разликата на АТП листата

    Најголемата промена во однос на претходната листа е падот на Роже Федерер од третата на петтата позиција.

    На третото место сега е Давид Ферер, за кога ова е најдобар пласман во кариерата, а од раната елиминација на Швајцарецот профитираше и Рафаел Надал, кој сега е на четвртото место.

    Зад најдобрите пет се Томаш Бердих, Хуан Мартин дел Потро, Жо-Вилфред Цонга, Ришар Гаске и Станислас Вавринка.

    Кај дамите и понатаму убедливо води Серена Вилијамс со 11.895 бодови, пред Русинката Марија Шарапова со 9.235 и Викторија Азаренка од Белорусија, која има 8.825 бодови.

    Зад водечката тројка се уште и Агњешка Радванска, На Ли и Сара Ерани. Победничката на овогодинешното издание на Вимблдон, Марион Бартоли направи скок од осум места и сега е на 7. позиција.

    Меѓу првите десет на ВТА листата се уште и Петра Квитова, Анџелик Кербер и Каролин Вознијацки.