Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска со шаховски турнир одбележа пет години постоење.
9 декември е Ден на превенција во работа на полиција и на овој датум е основан отсекот за превенција во Куманово.
Во 2008 година со реформите на МВР се формира посебна организациона единица, тогаш одделение за превенција кои всушност имаат превентива во доменот на полициското работење, во сите области кои што ги покрива полицијата. 9 декември е земен како Ден на превенција бидејќи на тој ден беа поделени првите сертификати на првите инспектори. Во овој изминат месец имавме повеќе активности како што се “Спорт да, дрога не“, пишување пораки на ненасилство, цртање цртежи за децата во градинка и деца од 1 до 5 одделение - изјави Виолета Богдановска, од отсек за превенција при СВР Куманово.
На турнирот беа поканети екипи од институциите со кои отсекот за превенција соработува. Најдобрите три екипи ќе добијат пехари и признанија.
Богдановска вели дека довербата во полицијата се зголемува и се подобрува меѓуетничката комуникација. Во вторник ќе биде промовиран спот со проектите кои отсекот за превенција ги реализирал.