×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со тимска игра до победа над Германија

    17.01.2012 16:38 | KumanovoNews

    Ракометната репрезентација на Македонија, по слободниот ден, вечерва, ќе го одигра натпреварот од второто коло на Еуро 2012.

    Со тимска игра до победа над Германија

    Противник на македонските ракометари ќе биде Германија, која на стартот загуби од Чешка со 24:27, додека Македонија против фаворитот Шведска освои бод, играјќи 26:26.

    Највозрасниот во нашиот тим, 39-годишниот Стевче Алушовски, кој на премиерата на Еуро 2012, со седум гола, заедно со Кире Лазаров беше најефикасен во нашиот тим, потенцира дека за пласман во следната рунда клучни ќе бидат следните две средби.

    „Уште пред почетокот на првенството реков дека нашата шанса ќе ја бараме на натпреварите со Чешка и Германија. Секој натпревар е историја сам за себе, ние успешно стартувавме, бидејќи Шведска, според сите ракометни стручњаци беше фаворит. Очекувам добра игра и против Германија и против Чешка“, вели крилото на Металург.

    Поразот од Чешка, Германците ги става во позиција да мораат да победат, доколку сакаат да се надеваат на влез во следната рунда, пораз за нив ќе значи враќање дома.

    „Математики ќе постојат до крајот, но ние на секој натпревар ќе одиме на победа. Дали со победа над Германија ќе обезбедиме пласман и ќе ги елиминираме нив, или со победа над Чешка ќе се пласираме понатаму, останува да видиме. Можеби победа над Чешка нема да биде доволна за да се оди во вториот круг, но тоа се математики кои не би требало да се прават се додека не се одиграат натпреварите. Искрено, се надевам на добра игра и добар резултат и против Германија и против Чешка“, рече Алушовски.

    Според него, Германија е квалитетна репрезентација составена од играчи кои играат во најдобрите клубови во Бундес лигата, но е репрезентација која може да се победи со колективна игра.

    Вечерашниот дуел помеѓу Македонија и Германија ќе започне во 18:15 минути, потоа својот меч ќе го одиграат Шведска и Чешка. (кирилица)