Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Португалецот Елдер Батиста помина 5 100 км со велосипед, за да присуствува на Светското фудбалско првенство во Русија.
Тргнувајќи на 6 мај од малото гратче Аленкер, северно од Лисабон и со вкупно 45 денови поминати во возење, тој пристигна во Москва за да ја бодри репрезентацијата на Португалија.
„Поминав низ бурни временски услови, каде што најмногу дожд ме зафати во Германија. Но, мислата за моите најблиски, мојата сопруга и син во Португалија ми помогна да издржам“.
Ова не е единствената причина, поради која Батиста се реши на ваков подвиг. Истиот веќе подолго време учествува во добротворната организација „Акредитар“, која им помага на децата болни од рак.
„Мислам на децата од добротворната организација, која ја поддржувам, деца за кои возам и на кои сакам да им помагам“ – изјави тој по пристигнувањето во Москва.
Фанот на Кристијано Роналдо е вистинска атракција во Москва. Тој дури и во движење ги следи натпреварите на селекцијата на Португалија преку дигиталната мрежа, а русите го застануваат за да се сликаат со него.
„Се разбира, дека нашиот тим има ѕвезда водилка, која го осветлува патот до победа, а тоа без сомнеж е Роналдо, но позади него сме ние, фановите. Ќе станеме светски шампиони“ – порача тој за крај.