Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од бранителот на титулата во БИБЛ лигата екипата на Галил Гилбоа со резултат 85:76.
Куманово денеска неможеше да се пофали со добра одбрана, која резултираше со многу поени од рекет кои ги постигна противникот. Кумановчани дозволиа многу офанзивни скокови, а изостануваше помош и ротација во одбраната на кумановчани а често се случуваше покрај постигнатите поени израелците да имаат и дополнително слободно фрлање.
Галил Гилбоа правеше разлика во текот на целиот натпревар која кој средината на третиот период изнесуваше и 16 поени разлика. Ентони Дивејн беше единствениот кој покажуваше спремност за натпреварување и го напаѓаше противникот а потоа следуваше шоу на Александар Костовски кој буквално постигнуваше поени од сите позиции, го врати Куманово во живот на резултат 74-69.
Сепак Куманово немаше сили за доигрување, па противникот се врати на сигурни девет поени разлика и го постави конечниот резултат на натпреварот од 85-76.
Најефикасен поединец беше Александар Костовски со 29 поени од кои 7 тројки. Кај противникот Јанив Грин постигна 19 поени.
Куманово ќе се бори за третата позиција на табелата, а противникот ќе го добие по натпреварот помеѓу Рилски Спортист и Левски.