СП Бразил: Фифа ги одбра шеширите за ждрепката
03.12.2013 23:26
| KumanovoNews
Светската фудбалска организација ги објави резултатите, како ќе бидат распоредени по шешири финалистите на осумте групи на престојното Светско првенство во Бразил.

1 шешир: Бразил, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Германија, Белгија и Швајцарија.
2 шешир: Чиле, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Камерун, Нигерија, Гана и Алжир.
3 шешир: САД, Хондурас, Коста Рика, Јапонија, Мексико, Кореја, Австралија и Иран.
4 шешир: Италија, Англија, Португалија, Хрватска, Грција, БиХ, Русија и Франција.
За да се израмни бројот на барабаните со по 8 селекции, дополнително ќе се извлекува една од европските земји и од четвртиот шешир ќе се префрли во вториот каде сега има 7 селекции.
Почетокот на церемонијата ќе биде одржана во петок со почеток од 17 часот.