СП: Србија во последна секунда до четвртфинале
17.12.2013 00:14
| KumanovoNews
Женската репрезентација на Србија стигна до четвртфиналето на Светското првенство во ракомет откако реализираше победа против репрезентацијата на Јужна Кореја со само гол разлика (28:27).
Следниот натпревар го играат против репрезентацијата на Норвешка која овој пат ќе ја брани титулата на најдобра селекција во светот.
Српските репрезентативки во текот на целиот натпревар имаа предност дури 6 гола, но дозволија голем пад во играта и изедначување на резултатот во самата завршница.
До победа стигнаа со голот на Јелена Ериќ во последната минута од натпреварот.
Репрезентативките на Србија во борба за полуфинале го имаат светскиот и олимпискиот шампион Норвешка, кои беа убедливи против екипата на Чешка (31:21).

