Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српскиот културно-информативен центар „Спона“ од Скопје донираше спортска опрема на Женскиот фудбалски клуб „Речица“.
Донацијата е во вредност од 1000 евра, а се состои од специјално дизајнирани и брендирани 30 маици за тренинин, 40 поло маици, 30 тренинг пешкири, 50 капи и еден роло банер на клубот.
„Голема благодарност до „Спона“ што се сети на нас , и што на еден ваков оригинален начин пред почетокот на првенството ни донираше тоа што ни е потребно, а тоа е спортска опрема. Јас ги знам нивните амбиции и сигурен сум дека нема да застанат тука и нашата соработка ќе продолжи. Ова нека биде поттик и за другите општествено одговорни комании и поединци да се вклучат во поддршка на спортот, а особено на женскиот фудбал, кој сакаме да го подигнеме на едно повисоко ниво. Нашата предност во однос на другите екипи во државата е што во нашиот состав играат само девојки од општината, и тоа е обврска повеќе да ги задржиме и да им создадеме услови да се надградуваат и да напредуваат. Имаме една респектибилна екипа, со која се надеваме дека оваа година ќе постигнеме подобри резултати и ќе ја оправдаме поддршката“, изјави Валентин Стоиловиќ, на прес конференцијата која ја организираше клубот на промо-предавањето на опремата.
Директорот на „Спона“ Милутин Станчиќ, кажа дека е голема чест и задоволство да се помогне на еден ваков здрав спортски колектив, кој со години наназад со голем eнтузијазам и посветеност ја гради успешната спортска приказна, која служи за пример на другите клубови. Особевно фасцинира љубовта кон спортот и кон женскиот фудбал на тренерот Валентин Стоиловиќ, која е за секоја пофалба.
“Ова не е наша прва соработка, досега сме соработувале и на ниво на образованите, културата, хуманитарни акции, дружења... Со оваа симболична донција на спортска опрема сакаме да ја искажеме нашата благодарност кон овие луѓе, малку да помогнеме и да најавиме дека оваа година ќе бидеме спонзори, и ќе пружиме поддршка на клубот во текот на целата сезона. Ние ја сфативме сериозноста која овој клуб и нивниот напредок е евидентен, поради што им неопходна поголема поддршка и афирмација. Ова е само почеток на нашата поддршка и наша благодарност за сето ова што го работат“, кажа Станчиќ.
Со посредство на „Спона“ минатата година во Речица на турнир учествуваше и женскиот фубласки клуб Црвена Ѕвезда, од Белград.
ЖФК Речица игра во Првата женска фудбалска лига и сезоната ја заврши на 8 мсето. Ангажманот на сите девојки и тренерот е волонтерски. Клубот има поддршка од Сојузот на спортови на Општина Куманово, а одредени средства треба да добие и од спортскиот ваучер. Сето тоа не е доволно за да се покријат сите трошоци кои ги бара учеството на спортските натпревари.