×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спортот да ги победи недоразбирањата помеѓу „Кумани“ и КК „Куманово“

    03.03.2010 11:58 | KumanovoNews

    Единствената навивачка група во градот, „Кумани“ последните две кола ги бојкотира натпреварите на кошаркарскиот клуб „Куманово“. Незадоволни од однесувањето на поединци во клубот, тие си заминале од трибините и најавуваат дека нема да се вратат се додека не се реши проблемот.

    Спортот да ги победи недоразбирањата помеѓу „Кумани“ и КК „Куманово“

    Подолго време луѓето што го водат кошаркарскиот клуб на чело со тренерот Горан Димитриевиќ се однесуваат како клубот да е нивна сопственост. Кога им бевме потребни, Димитриевиќ ни даде илјада ветувања, а сега не сака ни на телефон да се јави. Ние не бараме пари од клубот, туку риквизити да можеме да направиме спектакл на трибините и да привлечеме што поголем број на публика - вели Ивица Димитриевски, еден од претставниците на Кумани и член на ИО во КК „Куманово“.

    Од клубот велат дека постоел договор за соработка со навивачите, но во рамките на нивнитеможности.

    Во неколку наврати разговаравме и помогнавме колку што можевме. Се договоривме за понатаму, доколку успееме да најдеме средства пак да им обезбедиме што им е потребно, ние не бегаме од тоа - вели Александар Владевски, претседател на клубот.

    „Кумани“ се лути на раководството на клубот и поради тоа што досега ни еднаш нивниот претставник во Извршниот одбор не бил повикан на состанок.

    Што се однесува до поканите за Извршен одбор, одговорно тврдам дека на секоја седница дали на ИО или на Собранието, Ивица Димитриевски секогаш го повикуваме. Зошто не се јавува на повиците не знам, но тоа не значи дека не е повикуван - тврди Владевски.

    Додека да се надмината недоразбирањата, трпи спортот. Натпреварите се играат во празна сала, а успехот на кумановските кошаркари нема кој да го види и прослави.

    Спортот најмногу губи, бидејќи играчите велат дека им треба нашата подршка и дека таа многу им значи. Не е исто кога се игра во полна сала пред свои навивачи и на празни трибини. Поради нечија тврдоглавост и арогантност, нема да попуштиме и да дозволиме да си игра со нас и да не лаже како да сме деца - велат „Кумани“.

    Навивачката група „Кумани“ постои 20 години и засега има одлична соработка со ракометниот клуб „Куманово„. На слични проблеми наидувале со поранешните управи на клубовите  и сметаат дека, луѓето што ги водат клубовите во поголем дел ги гледаат само личните интереси.

    Управите кои до сега ја водеа кошарката, по секоја смена повеќе не се појавуваат во салата. Тоа покажува дека не им е целта развојот на кошарката и спортот, туку најверојатно само личните интереси. Кога ќе си заминат од функциите повеќе не знаат ни каде е Спортската сала. Срамота е најголема Општина во државата да нема клуб во прва лига. Тоа покажува какви луѓе го водат спортот во градот. Кумановци го сакаат спортот и на пријателски натпревари идат по 4000 луѓе. Кога би имале екипа во Прва лига, кошарка и ракометот би имало до 7000 навивачи - вели Димитриевски.

    „Кумани“ најавуваат дека ќе продолжат со бојкотот и нема да се откажат од нивните барања. Велат дека не се против играчите и клубот, на чии успеси искрено се радуваат.

    Од КК „Куманово“ се надеваат дека проблемот брзо ќе се надмине и љубовта кон спортот ќе ги победи сите недоразбирања.