Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во Куманово не очекува спортска сабота, каде што кошаркарскиот третолигаш Пинк Пантери, кошаркарите, ракометарите и ракометарките на Куманово ќе го играат својот првенствен натпревар.
Во Спортската сала во Куманово, Пинк Пантери ќе одиграат заостанат натпревар од 8.коло против екипата на Дино Баскет. Тимот од Кочани се наоѓа на шесттата позиција на табелата со четири победи и три порази. Пантери се четврти со пет победи и два пораза. Овој натпревар е прв на програмата со почеток во 12 часот.
Веднаш по овој натпревар во истата сала ракометарите на Куманово го пречекуваат тимот на Тиквеш. Гостите од Кавадарци имаат три победи и двевет порази, додека Куманово има четири победи, три нерешени натпревари и пет порази. Во борбата за средината на табелата, Куманово се бори да фати приклучок кон горниот дел каде што заостанува со шест бода. Почетокот на овој натпревар е закажан за 18:30 часот.
Ракометарките на Куманово ја продолжуваат борбата за втората позиција на табелта, а утре во салата на училиштето Христијан Карпош го пречекуваат најслабиот тим во првенството, тимот на Овче Поле. Металург, Пелистер и Вардар Јуниор се главните конкуренти на Куманово за втората позиција на табелата. Натпреварот ЖРК Куманово - Овче Поле започнува во 18:30 часот.
Последниот натпревар од „спортската сабота“ започнува во 19 часот во Спорската сала каде што кошаркарите на Куманово ќе играат против дебитантот во Првата лига, екипата на Блокотехна од Гевгелија. Иако дебитираа оваа сезона, Блокотехна има одлична екипа, скор од осум победи и еден пораз и се наоѓаат на втората позиција на табелта. На сето тоа го придодаа и репрезентативецот Стојан Ѓуровски кој дресот на Карпош Соколи го смени со тој на гевгелискиот тим. Куманово пробува да го преброди турбулентниот период кој го имаа, тимот сеуште се наоѓа во проблеми и со сигурност на утрешниот натпревар ќе имаат тешка задача да ја победат одчинатата Блокотехна.
Натпреварот започнува во 19 часот.