×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србиновски ќе биде тренер на Куманово и оваа сезона

    25.08.2016 21:55 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово на својата официјална Фејсбук група потврди дека Марјан Србиновски ќе остане тренер на тимот уште една сезона.

    Србиновски ќе биде тренер на Куманово и оваа сезона

    Пасивноста на клубот за време на летниот преоден рок предизвика многу сомнежи за иднината на клубот, меѓутоа потписот на Србиновски гарантира дека Куманово и оваа сезона ќе биде конкурентен. Впрочем многуте нејаснотии околу форматот на лигата и конечниот број на клубови дава простор Куманово да тактизира до последен момент со имињата кои ќе ги бранат сино-белите во наредната сезона.

    Бојан Трајковски беше првото засилување кое после неколку недели го напушти клубот. Крилниот центар ја активирал клаузулата од договорот со кој би можел да ги напушти кумановчани за понуда од странство, а според неофицијални извори причина за неговото „бегство“ во Косово е суспензијата која му ја подготвува МКФ поради напуштањето на репрезентативниот состав.

    Куманово би требало да го задржи репрезентативниот бековски тандем Костовски - Караџовски, во тимот останува Караколев како и Марјан Јанески.