Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Андреј Васевски освои второ место, а Ведран Рангелов е третопласиран, на Петиот традиционален турнир во пинг понг за кадети „Куманово 2019“, кој викендов се одржа во Куманово, во организација на Пинг понг клуб „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови Куманово.
Првото место му припадна на Ѓорѓиј Соколоски од ППК „Студент“ од Скопје, а најдобра кај кадетките е Изабела Ковачевска од Берово.
На турнирот учество зедоа 26 кадети и кадетки од 6 клуба од Република Северна Македонија, меѓу кои четири млади пингпонгари од нашиот град.
„Секако дека сум задоволен од играта на моите ученици и резултатот кој беше постигнат на овој турнир. Андреј Васевски е втор а Ведран Рангелов трет во конкуренција на 14 кадети. Играта на Стефан Станковски и Гого Нешковски беше задоволителна и на очекувано ниво. Се работи за млади пингпонгари кои се во тренажен процес само пет месеци и затоа сребрениот медал на Андреј и бронзата на Ведран се за почит и надеж дека пинг понгот во Куманово има своја иднина,“- истакна координаторот и прв тренер на ППК „Куманово“, Мики Трендафиловски.
Турнирот се одржа во спортската сала при Гимназијата „Гоце Делчев“ а по повод празник 11 Октомври.