Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од есен во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, во прва година ќе се образуваат и тренираат млади кошаркари.
Во новата паралелка досега се примени 24 ученика, а за останатите заинтересирани деветто одделенци ќе се организира дополнителна селекција во Спортска академија во Скопје.
Образованието за младите спортисти ќе се состои од општообразовни предмети што ќе им овозможи стекнување на знаења од областа на мајчиниот јазик, англискиот јазик, историјата, информатиката, основите на природните и општествените науки. Преку овие предмети ќе им биде и овозможено полагање на државна матура и продолжување на образованието на високо образовните институции. Исто така, тие ќе изучуваат стручни предмети поврзани со спортот, а вештините на играта и посветеноста кон спортот ќе ги јакнат во тренинзите раководени од врвни домашни и меѓународни тренери.
„ Се работи за дисперзирана паралалка од Спортската академија од Скопје. Општо образовните предмети ќе ги предаваат наставници од нашето училиштето, а за стручните предмети ќе доаѓаат тренери од Скопје. По завршување на четиригодишно образование, учениците ќе добијат диплома која што ќе биде еднаква како и сите други гимназиски диполоми и учениците ќе можат на било кој друг факултет да се запишат, доколку не се пронајдат во спортот“, изјави директорката Мила Жибак.
Освен во спортска паралелка, во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка на економско-правна и трговска и текстилно–кожарска насока. Пријавувањето во првиот уписен рок е на 18 и 19 јуни годинава.