Мени

Стартуваше Дакар релито

04.01.2010 13:31 | KumanovoNews

Пред 2 дена стартуваше релито Дакар. Toa е создадено пред 31 година како рели Париз - Дакар, а минатата година поради терористички закани, за прв пат е возено во Јужна Амeрика.

Стартуваше Дакар релито

Во првата етапа која се возеше само во конкуренција на моторцикли, победа издвојува Давид Касту од Франција, а во втората победник беше неговиот сонародник Давид Фретиње. Касту останува прв во генералниот пласман.

Со тројната победа на втората етапа, тимот на Фолксваген покажува дека е сериозен кандидат за одбрана на титулата во конкуренција на автомобили. Победата ја предводеше катарецот Ал Атијах кој е водечки во генералниот пласман. Сепак тука во кокнуренција остануваат Нани Рома и Стефан Петерхансел кои оваа година направија трансфер од Митсубиши во БМВ.

Во класата на камиони, Чагин со тимот на Камаз заврши пред Холан од Татра.