Стефан Ѓорѓевиќ е нов центар на Куманово
19.09.2016 09:28
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово го доведе третото странско засилување во своите редови. Стефан Ѓорѓевиќ ќе биде нов центар на тимот на Куманово.

Ѓорѓевиќ има 27 години и е висок 206 центиметри. Во последната сезона играше за грчкиот второлигаш Дукаса каде што имаше учинок од 15 поени по натпревар.
Куманово сезоната ја започнува во четврток каде што во рамките од Супер купот ќе се сретнат со тимот на Карпош Соколи.