Стефан Глигоријевиќ – нов играч во составот на КК Куманово
КК Куманово продолжува со засилување со нови играчи во претстојната сезона. Денеска потпиша едногодишна соработка со српскиот кошаркар Стефан Глигоријевиќ (23).

Тој е висок 205 цм и игра на центарската линија. Од овој млад, но и искусен играч во нашето првенство, се очекува освежување кое ќе води битка под обрачите.
Во КК Куманово Глигоријевиќ доаѓа од екипата на Работнички каде има играно 12 минути во просек и има постигнато 3,6 поени и 3,9 скокови. Кариерата ја има започнато во тимот на Охрид АВ, а по две одиграни сезони се сели во Блокотехна.
Заедно со тренерот Владимир Мирковски и новиот спортски директор Дарко Петковски – Спејко, во екипата на Куманово пристигнаа и две американски засилувања, Џош Селби и Хулио Гуити.
(Д.Давитковски)