Стефан Живановиќ е првото странско засилување на Куманово
09.09.2016 12:42
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово го доби првото странско засилување за оваа сезона. На позицијата шутер пристигнува Стефан Живановиќ кој минатата сезона настапуваше во Романското првенство.
Живановиќ има 27 години и досега во својата кариера настапувал за Беовук, ФМП, Раднички, Металац, Игокеа а интернатционалната кариера се врзува за Белгискиот Кангоероес и Романскиот Тимисоара.
Во младинските категории има настапувано за репрезентацијата на Србија, па златен медал има од првенството во Шпанија со екипата до 18 години, сребро од медитеранските игри и едно злато и една бронза од Универзијадите во Шенжен Кина односно Казан Рузија.
Минатата сезона Живановиќ бележел 12 поени 3 скока и 2 асистенции по натпревар.
Фото: MN PRESS

