Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на Кожув денеска на својот Фејсбук профил објави дека Александар Штерјов повторно е дел од нивниот состав, а со него пристигнува и Никола Караколев.
Куманово официјално останува својот прв центар, кој на минатата сезона по втор пат го бранеше сино-белиот дрес. Штерјов во просек бележеше 8 поени и 3 скока за Куманово.
Првиот мандат во сино-белиот дрес го имаше во сезоната 2014/2015, а со овој трансфер тој по петти пат ќе го облече дресот на гевгеличани.
Караколев пристигна во Куманово во сезоната 2015/2016 а предходно играше за Лирија и Гоце Делчев Штип. Во Куманово бележеше 10 поени и 3 скока по натпревар.
Иако првично беше најавено дека Куманово ќе го задржи минатогодишниот костур на тимот, полека но сигурно кошаркарите наоѓаат нови ангажмани.