Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Бал фор Лајф одлично го стартуваа првенството и забележаа убедлива победа против тимот на Кичево со резултат 100-49.
Домаќинот на мечот имаше водство во текот на целиот натпревар а веќе во првата четвртина имаше двоцифрена предност. Кошаркарите на Бал фор Лајф имаа свој ден, па го скршија отпорот преку контра напади и шутот од даличина. Победникот беше познат уште во првото полувреме, а по паузата натпреварот рутински беше приведен кон крајот. Горан Треничиќ и Дарко Смиљковиќ беа најефикасни поединци за Бал фор Лајф.
И следниот натпревар кошаркарите го играат на домашен терен, овој пат против тимот на Овче Поле од Свети Николе. Во сабота започнува и младинската лига, каде што пионерскиот состав ќе ја пречека екипата на МЗТ Скопје, а женскиот младински тим ќе патува на натпревар во Гостивар.