Шундовски и Ангеловски најдобри во Романија
16.04.2013 07:53
| KumanovoNews
Поранешниот селектор на машката ракометна репрезентација Звонко Шундовски и репрезентативецот Бранислав Ангеловски со тимот на Kонстанца се шампиони во Романија.

Македонскиот двоец со Kонстанца ја одбрани шампионската титула со победа во дербито на 20. коло против второпласираниот Бакау (30-25). На две кола пред крајот на шампионатот Kонстанца ги реши и теоретските прашања за новиот шампион.
Ова е втор пат Ангеловски да се закити со титулата шампион на Романија.