×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Суперлигашите активни на пазарот, што чека КК Куманово?

    19.07.2018 12:43 | KumanovoNews

    По донесените правила за смалување на бројот на странци, најквалитетните домашни екипи експресно се активираа за засилување на екипите, освен КК Куманово од кој сеуште е пасивен на кошаркарскиот пазар.

    Суперлигашите активни на пазарот, што чека КК Куманово?

    Според последните информации, дел од кошаркарите кои минатата сезона настапуваа во Куманово веќе се во преговори со некој од македонските тимови. Според информациите Бобан Стајиќ се договорил со Работнички, таму оди и капитенот на Куманово, Марјан Јаневски, а неофицијална е и веста дека Александар Штерјов и Никола Караколев во пакет ќе се преселат во Гевгелија во тимот на Кожув. Според нашите информации со никој од кошаркарите не е официјално разговарано за продолжување на соработката.

    МЗТ Скопје ќе игра во АБА2 лигата, каде што ќе ги предводи младиот тренер Ѓорѓи Кочов, а во тимот пристигна Љубомир Младеновски, а останаа Марко Симоновски, Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко и како странско засилување се претставени Андрија Бојиќ и Лестер Медфорд.

    Работнички на шампионскиот состав сака да ги придодаде Стајиќ и Јанески, а најголемо изненадување е тимот на Кожув кој очигледно ги надмина проблемите и во ист ден потпиша 7 кошаркари, а сакаат да ги видат Штерјов и Караколев во своите редови.

    Тимот на Гостивар ги задржаа тренерот Марјан Србиновски, потпишаа кошаркари кои треба да се иднина на домашната кошарка како Јетмир Зеќири и играчи од младинскиот погон, а покрај нив ќе се најдат искусните Ивица Димчевски, Диме Тасевски странецот Јурај Сегариќ и Александар Тодоровиќ.

    Екипата на Шкупи сеуште нема доведено звучни кошаркари меѓутоа пријавија учество во БИБЛ лигата и обезбедуваат спонзор од Турција со кој би требало да имаат постабилен клуб во иднина, и веројатно атрактивни имиња во нивниот состав. Во Блокотехна, тренерот Марјан Илиевски на располагање ќе ги има Главчев, Младеновиќ, Андреј Цветковски како и млади кошаркари од Гевгелија и Радовиш. Вардар се враќа во Првата кошаркарска лига и ќе настапува со истиот млад состав засилен со неколку Американски кошаркари.

    Од Суперлигашите покрај Куманово, неизвесна иднина имаат и минатогодишниот АБА2 лигаш АВ Охрид кој исто така го нема на листата на активни клубови, а Пелистер за кој се појави информација дека се заинтересирани за поранешниот играч на Кожув и Шкупи Тајрон Херис но истата не е потврдена.

    Во овој кош е и Фени Индустри, но заразлика од Куманово нивните минатогодишни кошаркари не се поврзуваат со никој од клубовите што значи дека веројатно има договор само недостасува официјализација на истите.

    Новото правило за постепено намалување на бројот на странски кошаркари очигледно вродува со плод и во следните неколку сезони со сигурност костурот на тимот ќе мора да е составен со најдобрите домашни играчи доколку било кој тим има амбиција за доигрување помеѓу најдобрите шест. Странските кошаркари нема да можат да го формираат тој костур туку само да го дополнат квалитетот на тимот, а да се надеваме дека недостатокот на домашни играчи ќе овозможи младите и талентирани кошаркари конечно ќе добијат шанса и битна улога во сениорските тимови.