Суперлигашко дерби во Спортската сала, Куманово - Лирија
28.04.2014 11:44
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот во Спортската сала во Куманово го пречекуваат големиот ривал Лирија.

Двата тима во овој натпревар влегуваат со ист скор од две победи и три пораза, па победникот од овој дуел сигурно ќе биде во подобра позиција во продолжение од сезоната да избори пласман во Плеј-оф.
Во останатите два натпревара се игра вечното дерби, Работнички и МЗТ Скопје, додека во последниот натпревар оваа коло Кожув ја пречекува Струмица.
Оваа сезона Куманово и Лирија одиграа три наптревара, во кои победник на крајот од мечот беше екипата на Лирија.