Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Литванската пливачка Рута Меилутите го сруши светскиот рекорд на 100 метри градно на Светското првенство во Барселона.
Шеснаесетгодишната пливачка, која беше неочекуван херој на минатогодишните Олимписки игри ја преплива делницата за една минута, четири секунди и 34 стотинки.
Меилутите за 10 секунди го подобри рекордот на Џесика Харди од пред четири години. Светскиот рекорд Литванката го собори во полуфиналето, а во квалификациите постави нов европски рекорд.
Пласман во финалето изборија и Јулија Ефимова, Рике Мелер Педерсен, Џесика Харди, Бриџа Ларсон, Викторија Солнцева, Џени Јохансон и Марина Гарсија Урсаинки.