Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбојкарките на СВСК Куманово изминатиот викенд го освоија Купот на Македонија победувајки ја екиапта на Јанта Волеј со резултат 3-1 во сетови.
Тимот од Куманово успеја да поведе против фаворитот со 2-0 во сетови. Третиот сет беше во знакот на бранителот на титулата, а во последниот дел од натпреварот СВСК одигра доминантно и го освоија првиот одбојкарски трофеј во дебитантската сезона на клубот и поставување на конечниот резултат 3-1.
Ова е прв трофеј на овој клуб, одкако оваа слето ОК СВС и ОК Куманово се фузираа и оваа сезона настапуваат под едно име. Во тимските спортови, ова се втора титула која пристигнува во Куманово, одкако пред речиси 25 години ракометниот состав на Шевро Куманово беше освојувач на Купот на Македонија.
СВСК Куманово продолжува со натпреварите од Плеј-оф рундата во регуларниот дел од сезоната. Натпреварот се игра утре во 18:30 а противник е токму тимот на Јанта Волеј.