Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово ја забележаа првата победа во пролетниот дел од сезоната, против екипата на Текстилец од Штип, со резултат 28-25.
Поради неподмирен долг поради судиите и делегатот на натпреварот, натпреварот доцнеше дваесетина минути, па одкако тренерите на клубот пронајдоа решение, извесно беше дека натпреварот ќе биде одигран.
Куманово имаше водство во текот на целиот меч, притоа не дозволувајки му на противникот да се спушти под три гола разлика.
Натпреварот на полувреме беше 12:9, а во продолжението од мечот Тасевки и Миладиновски продолжија во висок ритам да го полнат голот на штипјани.
Куманово стигна и до 6 гола позитива, но падна ритамот на екипата и поради кратката клупа успејаа да забележат победа од 3 гола разлика.
Тасевски со 14 гола и Миладиновски со 8 беа најефикасни поединци на натпреварот, додека кај гостите Д.Јовановски постигна 7 гола.