Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последното коло од БИБЛ – лигата од фазата Топ 6, кошаркарите на Куманово на гостувањето во Кавала доживеаја тежок пораз, губејќи од домаќините со високи 95:62.
Со тоа во конечниот пласман кумановчани го освоија 4-то место и заедно со екипите на Левски, Галил Гилбоа и Рилски Спортист ќе учествуваат во фајнл-форот.
Натпревар со екипата на Кавала за Куманово немаше посебено значење, па тренерот Луковиќ, се чини оправдано одмараше дел од клучните кошаркари. Во игра ги пушти кошаркарите од вториот ешалон, кои пак за жал, не се прославија на натпреварот.
Инаку, кошаркарската јавност во Македонија е во исчекување на информацијата за местото каде ќе се игра фајнл-форот, бидејќи во конкуренција се Самоков од Бугарија и Куманово. Доколку Куманово ја добие организацијата тоа ќе значи голем успех и големо признание за кумановскиот клуб, кој во последно време постигна извонредни резултати.
Кошаркарите на Куманово, утре ги очекува уште еден голем предизвик во спортската сала со почеток во 19.00 часот. Во рамките на второто коло од плеј-офот, во домашното кошаркарско првенство го играат дерби натпреварот со екипата на МЗТ Скопје. Поради тоа се очекува спортската сала во Куманово уште еднаш да биде исполнета до последното место.
Т.Д.