Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово се подготвува за вториот дел од сезоната а првиот натпревар го игра во сабота на домашен терен против екипата на Работнички.
Тренерот Страшо Тодоровиќ изјави дека е задоволен од играчкиот состав, пристапот на кошаркарите и верува во добра завршница на првенствените натпревари.
Подготовките за вториот дел од сезоната ги започнавме на четврти овој месец. Задоволен сум од играчите и новите засилувања на центарската позиција. Играчите се во добра форма, здравствениот билтен е одличен. Единствено Марко Симоновски сеуште тренира индивидуално и кумановската публика ќе мора да почека на неговото деби. Тој ќе се приклучи на тимот во понеделник - изјави Тодоровиќ.
Тодоровиќ објасни зошто првите два натпревари се најбитни за Куманово во продолжението од сезоната.
Пресекот на табелата по кој ќе бидат одредени паровите кои ќе играат во Купот ќе се направи по натпреварот со Кожув. Со победа против Работнички, и следното коло против Кожув, Куманово ќе биде трет на табелата и ќе игра против Работнички. Доколку загубиме паѓаме на петтата позиција и играме против домаќинот Кожув во Гевеглија. Од друга страна истите резултати се битни и за домашното првенство. Оваа сезона нема Супер-лига и против секој тим играме четири натпревари. Првата и втората екипа на табелата одат директно во Плеј-оф, додека од третата до шестата позиција се игра мини плеј-оф во кој се разигрува за преостанатите две позиции. Наша цел е да стигнема што подалеку, не е лесно тука е и притисокот поради успехот од минатата сезна. Мислам дека имаме подобра и поискусна екипа од минатата сезона, на нас е да дадеме максимум во борбата за подобар резултат - објасни Тодоровиќ.
Рокот за регистрирање на играчите е до 29.јануари а тренерот на Куманово потврди дека немаат намера да ангажираат уште некој играч.
Управата на клубот е задоволна од овој ростер. Имаме девет искусни кошаркари и три игрчаи од младинскиот погон. Засега активни на пазарот беа само Кожув, останатите екипи сеуште немаат направено некој чекор. После 29.јануари ќе биде појасно која екипа на каков резултат атакува - додаде Тодоровиќ.
Првиот тренер на Куманово ги повика љубителите на кошарката заедно со навивачката група Кумани да дадат подршка на оваа нова екипа и ги замоли на фер и спортско навивање бидејки така му даваат најголема подршка на својот клуб.
Ги повикувам навивачите и сите кошаркарски љубители да ја подржат оваа екипа. Утре во Спортската сала доаѓаат и гостинските навивачи па апелирам на фер и спортско однесување на нашите фанови. Сите инциденти и фрлени предмети се одразуваат директно на клубот во негативна насока. Овој тим има потенцијал и заслужува подршка. Работнички иако ослабен оваа сезона, не е за потценување и ќе пристапиме максимално и кон овој натпревар - заклучи Тодоровиќ.