500x100-1
13. 11. 2010 20:35

Торус пресилен за Куманово

Торус пресилен за Куманово

Кошаркарите на Куманово изгубија на гостувањето кај Торус, со убедливи 105:74. Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека Торус ќе победи убедливо.

 Покрај почетната кош за кош игра, кумановци направија серија од 9 поени, при што резултатот на семафорот беше 29:20. Од тој момент на почетокот на втората четвртина, играта на Куманово целосно се смени. 5 минути кумановчани не постигнаа поен, а Торус поведе со 33:31. До крајот на првото полувреме Торус имаше убедливи 16 поени разлика, кое во третата четвртина достигна и до 24 поени. Кумановчани дадоа знаци на живот кога големата разлика ја намалија на 11 поени, но Торус воспостави контрола на натпреварот и го порази Куманово со 31 поени разлика. 23 грешки и допуштените 8 офанзивни скока во клучните моменти од натпреварот беа пресудни за крајниот исход. За разлика од предходните натпревари тренерот Димитријевиќ се обиде да ги вклучи скоро сите играчи во ротација, но тоа се покажа како контрапродуктивно. Веќе во екипата го нема плејмејкерот Никола Радојичиќ кој имаше најзабележителен настап против Фени Индустри, а на негово место е доведен Ивица Вукотиќ. Овој натпревар во составот го немаше ни кумановецот кој дојде од АБА Струмица Даниел Милановски.

Најефикасен на натпреварот беа Бојан Трајковски од Торус со 28 поени, 15 скока и 3 блокади. Во Куманово Дарко Матиќ постигна 28 поени, но имаше и 7 загубени топки. Лош ден имаше центарот Ратко Петриќ кој постигна само 4 поени.

Следен натпревар Куманово го игра во сабота на домашен терен против последно пласираната Лирија која денеска ја забележа првата победа против АБА Струмица.