Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот „11 Октомври“, утре во 10 часот ќе започне традиционалната велосипедска трка Трофеј - „11 Октомври“.
Трката ќе се одржи низ главните два булевара на Куманово, „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, во должина од 5,1 км.
– Стартот на трката ќе биде пред спортската сала со почеток во 10 часот каде што ќе се вози првата трка односно за помалите категории (кадети, жени), а втората трка ќе започне во 11 часот каде што силите ќе ги одмерат повозрасните категории, јуниори, сениори, мастерс, - информираат организаторите.
Организатори на овој спортски настан се: Велосипедски клуб Вело-М, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија.