Трајковски останува во Куманово
28.07.2016 10:23
| KumanovoNews
Бојан Трајковски го продолжи договорот со Куманово, и ќе ги брани боите на клубот уште една сезона.

Со овој потпис Куманово и официјално се активираше на трансфер маркетот. Неофицијално договорите ќе ги продолжат сите останати кошаркари од екипата, како и тренерот Марјан Србиновски.
Досега е сигурно дека Марко Симоновски ќе се врати во МЗТ Скопје, а Вукашин Мандиќ ќе ја продолжи кариерата на Кипар.