Трета во низа победа на ракометарите
16.10.2011 19:52
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово ја забележаа третата победа во низа, овој пат против екипата на Металург Јуниор. Натпреварот заврши со резултат 26:21.

Само првите 15 минути од натпреварот беа неизвесни во Спортската сала. По петнаесетата минута реузлтатот беше 12:6, а на полувреме играчите заминаа со предност од 15:11.
Кумановчани не дозволија изненадување до крајот на натпреварот и натпреварот заврши со резултат 26:21.
Следното коло, ракометарите гостуваат на Овче Поле во Свети Николе.