Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Селекторот на женската Македонска репрезентација Јулијана Дамчевска го објави проширениот список на младинските репрезентативки, меѓу кои се најдоа и три ракометарки на ЖРК Куманово.
Мила Трајковиќ, Тамара Ивановска и Јована Кипријановска се ракометарките на Куманово кои ќе се обидат да обезбедат место во најдобриот состав и ќе ги одиграат квалификационите натпревари за Светското првенство до 20 години. Тие играат на бековските позиции, а на списокот речиси сите останати ракометарки доаѓаат од екипите на Вардар и Металург.
На списокот се наоѓаат 22.ракометарки кои квалификационите подготовки ќе ги започнат во недела.