Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во второто коло од боксерската лига на Македонија што се одржа во Тетово, четири кумановски боксери извојуваа убедливи победи.
Атхе Мисини победи без борба, додека Џемаил Сакиповски(56кг), Ибраим Мустафи (60кг) и Николче Митевски (64кг) издвојуваа победи од 3-0 над своите противници, Сакиповски го совлада Коцевски од БК ,,Аперкат,, Скопје, Мустафи беше поуспешен од Алексов од БК,,Баргала,, Штип, додека Митевски беше поуспешен од Шијаковски БК ,,Ас,, Прилеп.
Утре Мустафи и Антиќ, а најверојатно и Митевски ќе заминат на подготовски со репрезентацијата во Охрид за 41-то издание на Златен Гонг кој ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Скопје на кој ќе настапат преку 20 земји.