×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трофејот во СЕХА лигата патува за Загреб

    15.04.2013 08:51 | KumanovoNews

    Ракометарите на Загреб Кроација Осигурање се победници во второто издание од СЕХА лигата. Тие во финалето на завршниот турнир што се одигра во Скопје го совладаа Вардар Про со 25:24.

    Трофејот во СЕХА лигата патува за Загреб

    Седумдесет минути игра во арената Борис Трајковски беа потребни да се добие победникот во второто издание од СЕХА лигата. Во израмнет натпревар во кој ниту еден од противниците немаше поголема предност од три погодоци, повеќе концентрација во завршницата имаа ракометарите на Загреб Кроација Осигурање и на крај заслужено стигнаа до трофејот во регионалното натпреварување.

    Вардар Про почна одлично поведе со 3:0 и најави дека и пред домашната публика може да забележи победа во дуелот со гостите од Загреб, кои сепак успеаа бргу да се вратат во игра и со серија од 5:1 да го преземат водството.

    До крајот на шеесетте минути се играше гол за гол, во завршницата Загреб влезе се предност од 21:19 и го кога се очекуваше дека гостите ќе му се реваншираат на Вардар Про за минатогодишниот пораз следуваа два гола во мрежата на Филип Ивиќ. Погодокот за израмнување и продолжение од два пати по пет минути беше дело на Немања Прибак.

    Во дополнителните десет минути Загреб успеа да направи предност од три гола, која успешно ја задржа и на крајот славеше со 25:24.

    Најефикасен во редовите на Вардар Про беше Игор Карачиќ со шест погодоци, Владимир Петриќ постигна четири, а три пати во листата на стрелците се запиша Немања Прибак. Солиден на голот на нашиот состав беше Страхиња Милиќ со девет интервенции.

    На спротивната страна најпрецизни седум гола беа Лука Степанчиќ и Јерко Матулиќ додека Давид Шпилер постигна шест.

    Третото место на крајот од сезоната во СЕХА лигата им припадна на ракометарите на Металург откако го совладаа Мешков Брест со 26:21.

    За најкорисен играч на завршниот турнир од СЕХА лигата беше прогласен голманот на Вардар Про, Милиќ, а во идеалниот состав се најдоа уште Јури Татарин, Миладин Козлина, Игор Карачиќ, Лука Степанчиќ, Златко Хорват и Стојанче Стоилов.