Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов ракометарките на Куманово одиграа вкупно три наптревари во три категории од кои излегоа како вистински победници.
Сениорките од гостински терен во Пробиштип се вратија со победа, додека младинките и пионерките на домашен терен беа подобри од екипите на Металург од Скопје и Струма од Струмица.
Доказ дека женскиот ракомет оди во нагорна линија е овој богат викенд кога потенцијалот на овие девојки дојде до израз. Напорната работа, вложениот труд и беспрекорната огранизација го направија своето и излеговме како победници во овие значајни натпревари од домашното натпреварување-изјавија од клубот.
Младинките на ЖРК Куманово на домашен терен ја совладаа екипата на Металург од Скопје со резултат 24-18 (12-7).
Најефикасен играч во составот на Куманово беше А. Боризовска со постигнати 6 поени.
Во вториот натпревар кој се одигра исто така на домашен терен пионерките на Куманово ја совлада екипата на Струма од Струмица со резултат 10-8 (3-6), а најефикасен играч во домашниот состав беше ракометарката М. Трајковиќ со вкупно 6 поени.
Напорната работа, трудот и талентот на нсшите ракометарки дојде во преден план и на гостински терен каде сениорките на Куманово ја совладаа екипата од Пробиштип со резултат 26-18.