Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 11 Октомври, Социјалдемократската младина на Куманово, организира турнир во кошарка. На турнирот учество ќе земат 20 екипи од месните одбори на СДСМ, кои ќе донираат по 400 денари.
Турнирот се одржува традиционално секоја година, а има хуманитарен карактер. Сретствата што ќе бидат соберени ќе ги донираме на социјално загрозено семејство за да ги искористи за лекување на нивното болно дете- вели Младен Давидовиќ, претседател на СДММ во Куманово.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Перо Наков„, утре со почеток во 10 часот. Организаторите ги повикуваат љубителите на кошарката масовно да дојдат на турнирот, бидејќи влезот е слободен.