Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наредниот викенд во спортската арена Еуроспорт ќе се одржи турнир во фудбал за деца. Учество ќе земат 8 екипи од Македонија и Србија.
„Турнирот е од регионален карактер значи имаме две екипи од Србија, ФК „Динамо„ од Врање и ФК „Пчиња“ од Трговиште. Другите екипи се: академија „Апостолов„ од Штип, „Њустарс„ и „Фамос“ од Скопје, академија „Младост Тошев„ од Кочани, „Ринија“ и ФК „Куманово Еуроспорт“. Екипите ќе бидат поделени во две групи, а ќе се игра во сабота и недела (24 и 25 декември), - изјави Александар Маневски, директор на спортската арена „Еуроспорт“.
Натпреварите ќе се одржат на терените на спортскиот центар Еуроспорт на вештачка трева покриена со балон. На турнирот ќе бидат поделени награди за првите 4 места, како и за најдобар стрелец, голман и играч. Учество ќе земат деца родени 2006 година.
Сите љубители на спортот можат да ги следат натпреварите и тоа во сабота од 9 до 15 часот, а во недела ќе се одиграат полуфиналните и финалните средби.
Од Еуроспорт планираат на лето да направат еден помасовен турнир со учество на повеќе екипи.