Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Финалето од традиционалниот 5 - ти турнир во футсал за основци во машка и женска конкуренција се оддржа викендов под мотото “Спорт да, дрога не“.
Од машките екипи први се ОУ “Магдалена Антова“, втори ОУ „11 Октомври“ и трети се ОУ “Кочо Рацин“ и ОУ “Христијан Карпош“.
Од женските екипи прво место освоија ОУ “Кочо Рацин“, второ “Магдалена Антова“, а третото го делат ОУ “Бајрам Шабани“ и ОУ “Толи Зорудмис“.
Настанот има и едукативен дел во кој се потенцира штетното влијание и последиците од употреба на дрога. Се промовираа спортски и културни манифестации со кои младите можат да си го исполнат слободното време. Едукативни трибини на оваа тема продолжуваат и понатаму, а секоја наредна година интересот за учество на турнирот е се поголем.
Организатори на турнирот се СВР Куманово - отсек за превенција во соработка со Сојуз на училишни спортови и локалната самоуправа.