500x100-1
17. 11. 2010 00:11

Турнир во кошарка за лицата со хендикеп

Турнир во кошарка за лицата со хендикеп

 Во петок, Куманово ќе биде домаќин на регионалниот турнир во кошарка за лицата со интелектуална попреченост.

 На турнирот ќе учествуваат 12 екипи од 14 градови, меѓу кои Неготино, Кавадарци, Штип, Струга,Валандово и др.

Домаќини на спортската манифестација ќе биде здружението „Порака наша„, под покровителство на градоначалникот и Советот. Натпреварите ќе се одиграат во новата сала на училиштето „Перо Наков„. Почетокот на натпреварите е во 10 часот, а завршува во 15 часот. 

Истовремено ќе биде организирана и културно-забавна програма и работилници за децата кои нема да се натпреваруваат. Гости на турнирот ќе бидат кошаркарите на Куманово.